Џафери: Ќе закажам седница за Катица Јанева пред да и истече мандатот
Талат Џафери најавува седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември.
Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана.
"Согласно законот тоа е моја обврска и јас ќе ја испочитувам" - потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура.
Вчера беше направен обид за разрешување на Катица Јанева но мнозинството на СДСМ и ДУИ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ точката за разрешување на Јанева да се стави на дневен ред.
Според најавите пратениците на опозицијата денеска ќе достават и официјално барање за свикување на итна седница за разрешување на специјалната обвинителка која е во притвор под сомнение за вмешаност во аферата Рекет.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска