Џафери: Очекувам мнозинство за изгласување на потребата за промена на Деловникот за онлајн работа
Собранискиот спикер, Талат Џафери на брифинг со новинарите истакна дека го има потребнито мнозинство за изгласување на потребата за измени во Деловникот до што во време на пандемија пратеници би имале можност за онлајн присуство на седниците.
Доколку се донесе потребата, промената на Деловникот ќе оди по скратена постапка.
Џафери вели доколку се овозможи онлајн работа на Собранието, тоа ќе трае само додека трае и пандемијата. Појаснува дека нема сите пратеници да имаат можност да се вклучат од дома. Туку само оние кои поради коронавирусот нема да можат да дојдат на работа, а нивната здравствена состојба дозволува да можат да работат. Ќе мора да го известат претседателот и да достават документ од здравствените власти кој ќе биде на увид на сите пратеници.
Во моментов само еден пратеник од опзоцијата е во изолација.
Утре ќе продолжи комисиската расправа за предлог буџетот. Доколку пратениците работат со потребната динамика се очекува на 18 декември да биде гласањето.
Во однос на предлогот на Левица за донесување декларација за Бугарија, Џафери рече дека прво пратениците од таа партија мора да се појават на координација за да се договорат точките.
Првата седница за пратенички прашања на овој пратенички состав е закажана за 30 декември.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода