Џафери се сретна со европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.
На средбата, на која присуствувале и претставници од Европскиот парламент и од Европската комисија, Џафери изрази задоволство од средбата и ги информираше европратениците за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, за активностите на Собранието според Планот на Владата 3-6-9, Препораките од Прибе, Извештајот на Анкетната комисија за настаните од 24 декември 2012 година, како и за реформите што ќе се преземат на планот на европската и евроатлантската интеграција на земјата.
Укажал и на зголемената активност на Собранието на меѓународен план, со фокус на парламентарната дипломатија и заложбата Собранието да биде видливо на сите поважни меѓународни настани во Европа и пошироко.
- Џафери ја нагласи важноста од негување и градење добрососедски односи, за што го посочи потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и претстојната средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, се вели во соопштението од собраниската служба за информирање.
Вајгл го поздравил нормалното функционирање на државните институции во Република Македонија и, како што рекол, особено новиот концепт, визија и стил на работа на Собранието на Република Македонија и неговиот претседател, со што се враќа дигнитетот на институцијата.
- Истакна дека во Европскиот парламент атмосферата е многу позитивна и дека ја нудат својата помош и поддршка за приближување на новата демократија кон европските вредности и креирање атмосфера за компромис меѓу различните парламентарни политички партии за полесно надминување на проблемите од транзицијата, со крајна цел севкупно унапредување на европските интеграции на земјата, се додава во соопштението.
Соговорниците заеднички се согласиле дека политичкиот дијалог мора постојано да се култивира и унапредува меѓу сите чинители во политичкиот процес за непречено функциоирање на Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Угостителски услуги во мај на годишно ниво поскапи за 2,6 отсто
-

Француско-германски нон пејпер предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство
-

Рокас: Заложбите од 2022 година треба да се спроведат, се надевам на контруктивност од соседите и ЕУ во наредните месеци
-

Со изведување материјални докази продолжува судењето против 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Во август излегува албум на Принс со досега неиздадени песни
-

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата досега
-

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
-

Почна доброволното служење воен рок за жени во Грција со 72 кандидатки
