Џејми Оливер ќе затвори шест ресторани во Велика Британија
Славниот британски готвач Џејми Оливер најави дека ќе затвори повеќе ресторани од совјот синџир „Џејмис италијан“ (Jamie's Itajian) во Велика Британија.
Како главна причина тој ја наведува одлуката на Велика Британија да истапи од ЕУ, што доведе до поскапување на состојките за италијанските јадења што се подготвуваат во неговите ресторани.
Ќе се затворат шест ресторани, меѓу останатите во Абердин, во Шкотска, и во близина на Катедралата Свети Павле во Лондон.
-Секој сопственик на ресторан знае дека на пазарот ситуацијата е тешка и дека притисоците и неизвесноста по одлуката за Брегзит дополнително ја отежнаа ситуацијата, објасни директорот на „Џејмис италијан“, Сајмон Благден.
Затворањето ќе загрози 120 работни места, што е помалку од пет отсто од вработените во овој синџир, наведе Благден, кој вети дека на работниците ќе им понуди други работни места во групата.
Како причина за затворањето на дел од рестораните, освен поскапувањата на намирниците, се наведуваат и трошоците за обука на вработените и падот на посетеноста на рестораните.
Од одлуката на Британците да истапат од ЕУ, на референдумот од 23 јуни 2016 година, британската фунта забележливо загуби од вредноста во однос на еврото, што доведе до раст на цените на увезените производи.
„Џејмис италијан“ ќе продолжи да се развива во странство, со план да отвори 22 нови ресторани со партнерите, се наведува во оваа група.„
Џејми Оливер сега има 42 ресторани во синџирот „Џејмис италијан“ во Велика Британија, а неговото име го носат и 36 ресторани во странство.
Ново на Сител
-
По две недели, трагедијата во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната