Џемали Саити нов претседател на Здружението на судии

Судијата во Врховниот суд на Република Македонија Џемали Саити е избран за нов претседател на Здружението на судии на РМ на денешното XI редовно Годишно собрание во присуство на делегати од сите 34 подружници.
Џемали Саити дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981 година, правосудниот испит го положил во 1996 година. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2012 година ја одбранил докторската дисертација под наслов „Алтернативните мерки наспроти новите облици на криминалитет“, стекнувајќи се со академската титула доктор на правни науки. Саити во 2012 година е избран за судија во Врховен суд на РМ.
Изразувајќи благодарност до судиите кои му укажале доверба избирајќи го за претседател, Саити рече дека е свесен за предизвикот и оти во идниот период ќе се залага за јакнење на угледот и достоинството на професијата, како и за афирмација на целите на Здружението.
За време на четиригодишниот мандат Саити рече дека акцент ќе стави и на Советодавното тело за судиска етика, за нормативна и финансиска консолидација и за засилена соработка на меѓународен план.
Тој најави одржување на тематско собрание на Здружението на кое, како што додаде, ќе се разрешат сите прашања кои произлегоа од денешната седница.
Според Саити потребно е постојано партнерство со законоавната и извршната власт, со Судскиот совет, како и со Академијата за судии и јавни обвинители.
Претседателката на Врховниот суд на РМ Лидија Неделкова во своето обраќање пред присутните изрази надеж дека како во досегашниот така и во идниот мандат Здружението ќе ги оправда целите и задачите на своето постоење и ќе продолжи да се грижи и залага за унапредување на судскиот интегритет, самостојноста и угледното вршење на судиската функција.
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска меѓу другото посочи дека извршната и законодавната власт се должни да обезбедат неопходна заштита кога функционирањето на судовите е загрозено поради физички напади или заплашувања упатени кон судиите. - Тука е клучна улогата на постоење силно Здружение на судии, кое од друга страна пак не смее да се претвора во синдикални оргнизации кои ќе ги бранат бизнис интересите на судството, истакна Арнаудовска.
На денешното собрание не присуствуваше досегашниот претседател на Здружението на судии, Николчо Николовски кој си поднесе оставка од оваа функција.
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
