Џез концерт на Гоце Стефковски-Септет во Виница

Гоце Стефковски-Септет синоќа настапи на летниот џез караван на платото пред Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница што се реализира во рамки на културната манифестација „Топол културен бран“, поддржана од Министерството за култура и општина Виница.
- Виничани имаа ретка можност да го проследат концерот на составот од седум македонски џез музичари, предводени од тапанарот Гоце Стевковски, кој веќе извесен период работи на своја авторска музика, а работи и како професор на Џез академијата во Штип. Настапот е дел од манифестацијата „Топол културен бран“, и беше топло прифатен од бројната публика, изјави Славко Данев, директор на виничкиот дом на култура.
Во Гоце Стевковски-Септет се и Трајче Велков-труба, Кирил Кузманов-алт саксофон, Иван Иванов-тенор саксофон, Кирил Туфекчиевски-контрабас, Дамир Имери-клавијатури и Сашко Николовски-тромбон.
Летниот џез караван е организиран од Здружението на џез музичари и слободни уметници, а поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
-

Славенички и концертен спектакл – 20 години музичка кариера на Јордан Митев
-

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!
-

Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
