Џихадисти од Ал Шабаб нападнаа полициска станица во Кенија
Група вооружени мажи, за кои се претпоставува дека се припадници на милитантната исламистичка група Ал Шабаб, нападнаа полициска станица во југоисточниот дел на Кенија, соопшти полицијата во Најроби.
Инцидентот се случил во приморскиот град Ламу, близу до границата на Кенија со Сомалија.
Здружени сили на кениската војска и полицијата брзо реагирале на нападот, по што се развила неколкучасовна пресметка.
Според полициското соопштение, во судирот биле уништени опремата и системот за комуникациски врски, но нема информации за загинати или повредени при престрелката.
Џихадистите на Ал Шабаб, кои обично брзо реагираат на ваквите настани, прифаќајќи ја одговорноста за нападот, овој пат не се огласија со никакво соопштение.
Безбедносни експерти стравуваат дека инцидентот би можел да биде навестување за поголем напад на џихадистите во пограничниот реон.
Групата Ал Шабаб, која настојува да преземе контрола врз територијата на Сомалија и во Могадишу да прогласи исламистичка држава на темелите на шеријатското право, неколку години е во војна со кениските вооружени сили и полицијата.
Оваа милитантна група ги напаѓа припадниците на кениската војска не само на сомалиска територија, туку и во внатрешноста на Кенија, откако оваа земја го предводи воениот контингент на Африканската Унија против Ал Шабаб.
Припадници на групата извршуваат терористички напади во Сомалија, но и во Кенија.
Ново на Сител
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин
-
Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста