Џонсон именува министри во новата британска Влада

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа, по преземањето на должноста, именуваше министри во новата Влада, кои ќе му помогнат да спроведе Брегзит до 31 октомври.
Џонсон го именуваше поранешниот министер за Брегзит, Доминик Раб, кој ја напушти владата на Тереза Меј поради нејзиниот договор за излегување на Велика Британија од ЕУ, за шеф на дипломатијата и за прв државен секретар.
Нов министер за Брегзит е Стивен Баркли.
За нов министер за финансии именуван е поранешниот министер за внатрешни работи Саџид Џавид (49), додека поранешната министерка за меѓународен развој Прити Пател именувана е за министерка за внатрешни работи.
Бен Волас е именуван за министер за одбрана. За министер за здравство именуван е Мет Хенкок, додека министерка за заштита на животната средина е Тереза Вилерс.
Лиз Трас е именувана за министерка за трговија, Гевин Вилијамсон за министер за образование, а Ники Морган е именувана за министерка за култура.
За министер за Северна Ирска именуван е Џулијан Смит, а Роберт Бакленд за министер за правда.
На списокот на членови на Кабинетот е и помладиот брат на новиот премиер Џо Џонсон кој е именуван за државен секретар во Министерството за бизнис, енергетика и индустриска стратегија.
Ново на Сител
-

Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ
-

ФК Шкендија се правда: Не ги одбивме медалите, фудбалерите поради бучава не го слушнаа повикот на официјалниот спикер
-

Николоски: Ние сме единствена земја во регионот што отвара нови авио линии во најголемат авиокриза
-

Најстудено во Маврови Анови и Лазарополе, најтопло во Гевгелија
-

Регионална конференција „Граѓанска енергија: политики, практики и регионална размена“
-

Вознесение Христово - Спасовден
-

Брисел и Лондон го осудија односот на израелските власти кон приведените активисти за хуманитарна помош за Газа
-

Васоски: Заслужена победа, постигнавме гол во вистинско време
