Џонсон: Подобро да бидам мртов во ендек отколку да го одложам Брегзит
Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа вети дека никогаш нема да го одложи излегувањето на Велика Британија од ЕУ, закажано за 31 октомври, истакнувајќи дека попрво би бил мртов во ендек отколку да го стори тоа.
Запрашан дали може на британската јавност да и вети дека нема да оди во Брисел и да бара ново одложување на рокот на излез на земјата од ЕУ, Џонсон кажа „можам да го ветам тоа. Попрво би бил мртов во ендек“.
Во говор во полициска станица во северна Англија тој се запраша каква би била смислата од одложувањето на излезот на Велика Британија од ЕУ, пренесуваат британските медиуми.
Пратениците на Долниот дом на британскиот Парламент во вторникот го поддржаа предлог законот со кој треба да се спречи Брегзит без договор, со кој Џонсон се обврзува дека од Брисел ќе побара да се продолжи рокот за Брегзит по 31 октомври.
Ново на Сител
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип