Џорџ Буш постариот со остри критики за Чејни и Рамсфелд

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот, јавно ги критикуваше Дик Чејни и Доналд Рамсфелд, двајца клучни членови на Администрацијата на неговиот син, претседателот Џорџ Буш помладиот.
Во најновата биографија, што ќе се појави во јавноста идната недела, „таткото Буш“ за поранешниот потпретседател на САД, Чејни вели дека создал „сопствена империја“, додека за тогашниот министер за одбрана Рамсфелд, пишува дека „лошо му служел“ на претседателот.
Буш постариот го опишува поранешниот шеф на американскиот Пентагон како „арогантен човек“.
Според „Њујорк Тајмс“, авторот на книгата-биографија, Џон Мичам ,во разговор за книгата рекол дека постариот Буш не се согласувал со сето она што го правел Рамсфелд, бидејќи му „нанесувал штета“ на претседателот (помладиот) Буш со своите „тврди и железни“ погледи кон сите работи и сосотојби.
Во биографијата, Буш тврди дека Чејни целосно се променил додека бил потпретседател и дел од Админстрацијата на САД.
- Тоа не е Чејни што јас го познавав, вели во книгата Џорџ Буш-постариот.
Амеркански политички аналитичари оценуваат дека појавувањето на биографијата на остарениот Џорџ Буш во време на трката за номнација за кандидат на Републиканската партија за изборите во 2016 година, ќе му наштети на неговиот најмлад син, поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш.
Најмладиот Буш се „измачува“ да остане во изборната трка и никако не може да постигне раст на подршката меѓу републиканските гласачи, па многумина веруваат дека тој наскоро ќе се повлече.
По појавувањети на книгата на татко му, ќе мора одново да објаснува за своите позиции и гледања, како што тоа веќе го правеше за својот постар брат и неговите години во Белата куќа.
Џеб Буш во текот на кампањата се брани дека тој е „свој човек“ со сопствени погледи за домашните и надворешните состојби, ноаналитичарите оценуваат дека не успева во тоа да ги увери гласачите.
Ново на Сител
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
