Џорџ Озборн: „Брекзит“ ќе ја направи Велика Британија посиромашна

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ, ќе ја направи земјата „трајно посиромашна“.
Анализите на Министерството за финансии, на кои се повикува Озборн, покажуваат дека напуштањето на Унијата ќе предизвика намалување на државните приходи за шест отсто, што е еднакво на по 4.300 фунти годишно за секое британско домаќинство до 2030 година.
Според Озборн, податоците кои денеска првпат се објавуваат, претставуваат „чекор напред“ во однос на реториката на заговорниците за напуштање на ЕУ, затоа што засновани врз факти.
- Овие податоци не можат да бидат појасни, изјави Озборн во интервју за радио Би-Би-Си, предупредувајќи на трајното осиромашување, доколку гласачите на референдумот од 23 јуни се определат за „брекзит“. - Станува збор за факти, за кои секој би требало добро да размисли, вели Озборн во интервјуто.
Проценките во анализата се дека најтешко ќе бидат погодени сите вработени во автомобилската индустрија, како и во челичарниците. Нивните семејни приходи ќе се намалат, цената на нивните куќи и станови ќе паднат, а перспективите за вработување значително ќе ослабнат.
Во анализата на Министерството за финансии се вели дека станува збор за луѓе кои „секогаш први страдаат“ кога Британија ќе ќе се определи за погрешни еконмски потези.
Активистите од кампањата за заминување од ЕУ, во најголемиот број функционери и активисти на десното крило на владеачката Конзерватина партија на премиерот Дејвид Камерон, ги отфрлуваат предвидувањата на нивниот министер Озборн.
Претставник на кампањата за „брекзит“ изјави дека анализите на Министерството за финансии се „целосно апсурдни“.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
