ДЗС: Лани намален бројот на умрени
Бројот на умрените лица лани е намален за 0.5 отсто во однос на претходната година и изнесува 20.318 умрени лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од нив поголем број се од машки пол и тоа 10.554 лица или 51.9 проценти од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 201, а нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 1.0 отсто на 100 умрени лица.
Најголем број случаи, 2 681, се забележани во јануари.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.1 година, односно 75.3 години кај лицата од женски пол или за 4.2 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем 55.0 отсто случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите и тоа во 18.3 отсто, па со 4.8 отсто се застапени случаите кај кои причина за смртта се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести.
Случаите кај кои причина за смртта се болестите на респираторниот систем се застапени со 4.2 проценти од умрените лица.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен