-->
-->
„Еден - два“ победа за Ферари
-->
Возачите на Ферари ги освоија првите две места на денешната трка за Големата награда на Монако што се возеше во Монте Карло. Ова е прва 1-2 победа за Ферари по пауза од седум години, а прва победа во Монако по 2001 година. Трката на првата позиција ја заврши Себастијан Фетел, кој во „пит-стопот“ го мина клупскиот колега Кими Раиконе, кој ја имаше пол позицијата и водеше до 40 круг.
На третата позиција се пласира Даниел Рикардо од Ред Бул, а на четвртото место го освои Валтери Ботас од Мерцедес.
Со денешната победа Фетел има вкупно 129 поени, пред Луис Хамилтон кој има 104, а Ботас е трет со 75. Кај конструкторите прв е Ферари со 196 поени, пред Мерцедес со 179. Следната трка се вози на 11.јуни за Голмената награда на Канада во Монтреал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење