Еден милион кинески функционери казнети поради корупција
Над еден милион функционери се казнети поради корупција во последните три години во Кина, соопшти денеска кинеската Влада.
Уште 409 лица кои биле во бегство во странство се уапсени оваа година.
Податоците се објавени пред почетокот на Шестиот пленум на Комунистичката партија на Кина.
На состанокот во ексклузивниот хотел Џингси ќе присуствуваат речиси 400 највисоки функционери на партијата, кои во следните четири дена ќе разговараат за промени во начинот на управување со партијата со акцент на „партиската дисциплина“.
Шестиот пленум се одржува во момент кога Комунистичката партија на Кина има повеќе од 88 милиони членови и се соочува со период на „тектонски промени“.
Од доаѓањето на чело на партијата во 2012 година, генералниот секретар Си Џинпинг се обидува да ја наметне својата волја и да преземе повеќе власт.
Ново на Сител
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома