Еден на македонски и 13 на турски јазик ќе полагаат матура во гимназијата „АТА“
Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа тековнава учебна година средното обрзование го завршуваат 14 ученици, што е за три помалку споредено минатата.
-Во нашата гимназија имаме 14 матуранти од нив еден е на македонски наставен јазик и е пријавен за полагање училишна матура. На турски наставен јазик се 13 од кои 10 се пријавени за полагање државна, додека тројца за училишна матура. Минатата учебна година средното образование го завршија 17 ученици, што е за тројца помалку, изјави за МИА, директорот на гиназијата Сабри Асан.
Во оваа образовна установа во учебната 2023/ 2024 година настава следат вкупно 90 ученици на двата наставни јазика.
Главната причина за се помалиот број ученици, како во средното така и во двете основни училишта, е масовната миграција. Во некоја од европските земји, главно во Италија, Германија и Швајцарија, се околу 70 отсто од поранешните жители на ова општина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот