Еден починат и двајца повредени при тешка сообраќајна незгода на магистралата Кичево-Гостивар

На 29.04.2020 во 07.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на влезот во с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(22) од с.Србица, патничко возило „сеат алхамбра“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(63) од Кичево и патничко возило „форд ескорт“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(23) од с.Горно Строгомиште.
Во незгодата, А.Ј.(54) од с.Г.Строгомиште, сопатник од возилото „форд ескорт“, од здобиените повреди починал. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.Ј. и С.С., по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево, во присуство на Јавен обвинител.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
