Еден заболен и 61 излекуван од Ковид-19 вчера во Косово, активни 210 случаи
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) синоќа објави дека во петокот во земјата се регистрирани нови 61 случај на лица кои биле заразени, а кои, согласно методите на Светската здравствена организација, по две последователни испитувања, резултирале излекувани од Ковид-19.
Во изминатите 24 часа во земјата е евидентиран и еден новозаболен од новиот коронавирус, а дента имаше и еден смртен случај.
Според официјалните статистики за пандемијата во Косово, бројот на заразени, од средината на март, кога се појавија првите заболени од Ковид-19, достигна до 862.
Во меѓувреме се забележани вкупно 622 излекувани и 28 починати лица кај кои е потврдено присуството на новиот вирус. Сите починати, вклучително и вчерашниот маж на 77-годишна возраст, според косовските здравствени власти, страдале и од други хронични болести пред да резултираат позитивни на Ковид-19.
Според овие официјални податоци, во Косово моментално се активни 210 активни случаи на заразени од новиот вирус.
Бројот на извршени тестирања во Лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК, вклучително вчерашните 243, изнесува 9.557.
Ново на Сител
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание
-
Пет инспекциски екипи од денеска ќе проверуваат дали се безбедни објектите за прослави и големи собири
-
Прилепскиот театар е првиот објект кој доби забрана за користење поради лошите услови
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија