Македонија
10. November 2015 - 18:25

Еден загинат во сообраќајка на Брза помош на патот Македонски Брод-Самоков

Едно лице загина во сообраќајка несреќа која околу 16 часот се случила на патот Македонски Брод-Самоков, кај селото Манастирец.

Според првичните информации во несреќата учествувале автомобил Лада во прилепски регистерски ознаки и амбулантно возило од Клиничката болница во Кичево.

Ви несреќата на лице место животот го загубил возачот на „Ладата“, Драги С., додека лицата кои се наоѓале во амбулантното возило се полесно повредени.

Полициски екипи вршат увид.