Еден загинат во железничка несреќа во Луксембург
Едно лице загина, а две други се потешко повредени денеска при судир на патнички и товарен воз во Луксембург, соопшти луксембуршкото Министерството за внатрешни работи.
Железничката несреќе се случила на станицата во местото Бетембург во општината Зуфтген.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, веднаш по утринската железничка несреќа, луксембуршката полицијата го активираше системот „повеќе жртви“
Луксембуршката железничка компанија ЦФЛ соопшти дека „останува да се утврдат“ причините за несреќата.
Поради несреќата во прекин е железничкиот сообраќај меѓу градот Луксембург и француското место Тионвил. За транспорт на илјадниците патници што ја користат железничката линија до Луксембург, се ангажирани дестина автобуси.
Според официјалните податоци, околу 80.000 лица секој ден од други држави доаѓаат на работа во Луксембург, што е речиси 15 проценти од вкупно 543.202 жители на градот-држава.
Ново на Сител
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател