Единаесет лица повредени во пожар во студентски дом во Љубљана
– Рано утрово избувнал пожар во студентски дом на Пољанска цеста во Љубљана при што се повредени 11 лица, од кои едно е во критична состојба, јави Н1 Словенија.
Пожарот бил пријавен кусо по четири часот, а пожарникарите брзо реагирале, евакуирале 363 лица и спасиле 45 лица со помош на скали и заштитни маски.
Во гаснењето учествувале 77 пожарникари со 23 возила, а пожарот бил ставен под контрола за нешто повеќе од еден час.
Според информациите од Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Љубљана, меѓу повредените има млади лица на возраст од 15 до 19 години.
Тројца се здобиле со тешки повредени – еден ученик има тешки изгореници и е во критична состојба, додека двајца се здобиле со скршеници на ’рбетот и глуждот откако скокнале од прозорец за да се спасат од пожарот.
Уште четворица се хоспитализирани поради труење со јаглерод моноксид, а останатите се со полесни повреди. Причината за пожарот се уште не е позната, а истрагата е во тек.
Според првичните информации, пожарот избувнал во една од собите на првиот кат и брзо се проширил. Студентите тврдат дека алармот за пожар не се активирал, но полицијата се уште не го потврдила тоа.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата