Единаесет сообраќајки вчера во Скопје, едно лице потешко повредено
Едно лице се здобило со тешки телесни повредни, а девет се полеснo повредeни во шест од 11 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција санкционирала 87 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 12 возачи, од кои четири возачи под дејство на алкохол, осум пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возачи почетници.
Од сообраќај се исклучени 13 нерегистрирани возила, шест неисправни возила, 84 автомобили кои биле непрописно паркирани, а 68 возила се подигнати со „пајак“.
Седуманесет пешаци поминале коловоз надвор од пешачки премин, а 33 возачи поминале на крстосница на црвено светло.
Двајца возачи поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци, пет се престроиле неправилно, еден неправилно престигнувал, додека пак седум возачи не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.
Одделението за Превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во објектот „Детелинка“ на градинка „25 МАЈ “ во општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.