-->
-->
Единаесетти пораз на Карпош Соколи во АБА лигата
-->
Кошаркарите на Карпош Соколи го претрпеа единаесеттиот пораз во регионалната АБА лигата.
Во воведниот натпревар од 15.коло, одигран попладнево во Лакташи, екипата на Карпош Соколи беше совладана од Игокеа со 79-71 по четвртини 23:16, 27:18, 16:13 и 13:24.
На „Соколите“ не им помогна ниту расположените Кенрик Пери со 17 поени и 4 асистенции, како и Бојан Трајковски кој средбата ја заврши со 16 поени и 7 скокови. Ова воедно беше и осмиот пораз на Карпош Соколи на исто толкуте одиграни натпревари на гостински терен.
Покрај овој меч, вечерва се игра и средбата во Белград, каде Партизан го пречекува македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во дуелот кој ќе започне од 19 часот.
Во останатите пет натпревари ќе: Мега Лекс – ФМП, Цедевита - Црвена Звезда (недела), Задар – Будуќност (понеделник), Крка - Олимпија и Морнар – Цибона (вторник).
Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Партизан 11-3, Цедевита 10-4, Цибона 10-4, Будуќност 10-4, Игокеа 8-7, Олимпија 6-8, Задар 5-9, Крка 5-9, Морнар 4-10, Мега Лекс 4-10, ФМП 4-10, Карпош Соколи 4-11 и МЗТ Скопје 4-10.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени