-->
-->
Едита Тахири демантира дека била нападната во северна Митровица
-->
Поранешната косовска министерка Едита Тахири, која ја предводеше делегацијата на Косово во дијалогот со Србија, ја демантираше веста на дел од медиумите дека била нападната за време на нејзиниот вчерашен престој во северниот дел на Митровица.
- Пријатели и медиуми, ве информирам дека лажна е информацијата за наводен напад врз мене во северниот дел на Митровица, напиша таа на својот профил на Фејсбук.
Таа објаснува дека учествувала на дебата по што со задоволство пиела кафе во едно кафуле без никој да ја вознемирува. Во текот на патувањето, додава таа, била придружувана од косовската полиција.
Медумите јавија дека кафулето каде била Тахири било нападнато со тврди предмети, по што таа веднаш заминала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб