Едно лице потешко повредено на новите блокади на Жолтите елеци
При еден од бројните собири на Жолтите елеци денеска во Сен-Аволд, источна Франција едно лице е повредено од автомобил откако возачот се обидел да ја помине барикадата поставена од демонстрантите, јави дописникот на МИА.
Повредениот е хоспитализиран, додека возачот е приведен. По првите масовни манифестации и блокади кои почнаа на 17 ноември 2018 година, секоја сабота во Франција протестираат приврзаниците на движењето Жолти елеци. По слабата мобилизација изминативе неколку саботи, организаторите најавија враќање на стариот метод – блокадите. На повеќе места во Франција денеска има блокади најчесто на пристапите до трговските зони или на автопатиштата и значајните патни правци. Така во Сан Мало, повеќе стотици автомобили кои требаше да патуваат со ферибот за Велика Британија се блокирани на влезот од пристаништето.. Инаку од почетокот на демонстрациите на Жолтите елеци загинаа 11 луѓе, а повредени се повеќе стотици лица како кај демонстрантите, така и кај силите на редот.
Ново на Сител
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон