Македонија
3. November 2017 - 18:28

Едно лице тешко повредено во оружен инцидент на улица Владимир Комаров

Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент  на улицата „Владимир Комаров“ во скопската општина  Аеродром.

МИА дознава од очевидци дека со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот е погодено лицето М.Ј., активен фудбалер.

Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во непознат правец.

Полициски екипи се веќе пристигнати на терен, а напаѓачот е во бегство.

Името на напаѓачот и е познато на МИА, очекуваме потврда од МВР.