Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја оствари во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј, потврдија за МИА од претседателскиот кабинет.
На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.
Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.
Во рамки на посетата на Рим, претседателката Сиљановска Давкова ќе се сретне и со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.
Сиљановска Давкова, како што велат од нејзиниот кабинет, се уште не е познато дали ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.
Ново на Сител
-
Додик хоспитализиран во Белград
-
Три безживотни тела пронајдени во неготинското село Црвени Брегови
-
Укината забраната за камиони преку преминот Стража
-
Силекс слави есенска титула
-
Ден по отворањето на Нотр Дам, свечена миса со присуство на Макрон и други лидери
-
Белингем нема сериозна повреда, ќе игра против Аталанта
-
Делото на Свети Климент е бесмртно, порача владиката Партениј
-
Русија: Асад ја напушти земјата и нареди мирно предавање на власта