-->
-->
Едно лице загина, а друго тешко повредено во сообраќајќи во Скопје
-->
Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка со тешки телесни повреди се здобил пешак, а во девет со полесни повреди се здобиле девет лица. Во 16 била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деведесет и шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 12 возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување и четворица возачи кои не дале првенство на минување на возилата во зона на крстосница. Санкционирани биле и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 34 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 24 нерегистрирани возила и едно возило за претовар. Затекнати биле 196 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 144 возила
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
-

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража
-

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња
