Едно лице загина и тројца сe повредени во сообраќајна несреќа на преминот Стража

Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на магистралниот пат Гостивар - Кичево на превојот Стража.
Според СВР Тетово, околу 12 часот пријавено е дека на магистралниот пат автомобил „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки удрил во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Македонија пат“.
Возачот на „шаранот“ Б.Н. (49) од Охрид починал на самото место, а три лица - странски државјани од Англија и Суринам (Јужна Америка) се здобиле со повреди. Повредените набрзо се пренесени за укажување на лекарска помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
-

Протест на студентите и граѓаните кои работеле во странство пред УЈП - не сакаат да платат данок ретроактивно
-

Мицкоски: Имам чувство дека поранешни премиери од опозицијата ќе бидат под прогон
-

Средба Муцунски - Прево
-

Пратениците со оценка 5,7 за тоа каков говор користат на говорница
-

„Безбеден град“ казнува електронски, но потврдите за уплата сè уште се доставуваат лично на шалтер
-

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – нови снимки од насилството на Стојанче Јовановски
