Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
Сопатник од возило што попладнево излета на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка го загуби животот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Возилото излетало од патот и се превртело во близина на клучката на експресниот пат кај Крива Паланка. Според информациите од СВР Куманово, незгодата се случила околу 14 часот, кога и било пријавено во ОВР Крива Паланка.
-Денеска во 14 часот во Одделот за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на експресен пат Куманово - Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило "фолксваген голф" со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Б.С. излетало од патот. Во незгодата, осумдесетгодишниот сопатник Б.П. починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и сопатникот М.П., информира портпаролот на Сектор за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.
Увидот сѐуште трае.
Ново на Сител
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите
-
Трогателен хуман гест на 18 годишниот Андреј О. Зрновци
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници