Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
Сопатник од возило што попладнево излета на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка го загуби животот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Возилото излетало од патот и се превртело во близина на клучката на експресниот пат кај Крива Паланка. Според информациите од СВР Куманово, незгодата се случила околу 14 часот, кога и било пријавено во ОВР Крива Паланка.
-Денеска во 14 часот во Одделот за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на експресен пат Куманово - Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило "фолксваген голф" со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Б.С. излетало од патот. Во незгодата, осумдесетгодишниот сопатник Б.П. починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и сопатникот М.П., информира портпаролот на Сектор за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.
Увидот сѐуште трае.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени