Едногласно, Народното собрание на Бугарија ја прифати оставката на премиерот Росен Жељазков

Народното собрание на Бугарија денеска со 227 гласа „за“ и без ниту еден глас „против“ или „воздржан“ ја одобри оставката на кабинетот на Росен Жељазков.
Тој вчера на вонредна прес-конференција во Парламентот објави дека Владата поднесува оставка.
Овој потег следува пред гласањето за недоверба на Владата, кое беше иницирано минатиот петок од партијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и поддржано со потписите на пратениците од „Алијанса за права и слободи“ (АПС) и „Морал, единство, чест“ (МЕЧ).
„Коалицијата ја анализираше актуелната состојба. Немаме дилеми дека Владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за недоверба. Сепак, одлуките на Народното собрание имаат тежина кога ја рефлектираат волјата на граѓаните. Нашата амбиција е да одговориме на очекувањата на општеството. Власта произлегува од суверенот и гласот на народот. И помладите и постарите граѓани изразија желба за оставка. Оваа граѓанска енергија мора да биде поткрепена и охрабрена“, нагласи вчера Жељазков.
Повлекувањето на кабинетот се случи по масовните протести, поттикнати од спорните буџетски предлози на Владата.
Бугарската Влада, кон крајот на ноември, го повлече предлог-буџетот, кој веќе беше поднесен до Парламентот, по обемните демонстрации организирани од партии и синдикати низ целата земја, како и по предупредувањето од Европската комисија дека предлог-буџетот не е во согласност со фискалните правила на ЕУ.
Протестите се претворија во општо незадоволство поради корупција, нееднаквост и неуспеси во повеќе сегменти од управувањето на Владата.
Жељазков беше избран за премиер на 16 јануари со 125 гласа „за“, 114 „против“ и без ниту еден „воздржан“.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
