Свет
19. August 2016 - 13:53

ЕИУ: Атина меѓу градовите со влошени услови за живот

Кризата се одрази и на квалитетот на живот во Атина, според британските аналитичари од „Економист Интелигенс Јунит“, пишува весникот „Етнос“. 

Аналитичарите ја вклучиле грчката престолнина меѓу десетте градови кои се со најголемо влошување на условите за живот во последните пет години. 

За овогодинешната класификација на „Економист Интелигенс Јунит“, Атина е поставена на 69 позиција, што покажува дека добила оценка 75. 

Се оценува, дека за ова влошување на условите за живот придонела и долгогодишната економска криза и индиферентноста на институциите, поради што големи региони од престолнината беа напуштени. 

Атина фигурира во таа класификација во редот на градовите како Париз, Санкт Петербург, Детроит, Киев, Дамаск, Каракас и други.