ЕК бара зголемување на данокот на грчката ракија

Европската комисија денеска побара од Грција да ги зголеми даноците на локалните алкохолни пијалоци „ципуро“ (грчка ракија) и „цикудја“ и да ги доведе на ниво на даноците на другите алкохолни пијалоци.
Комисијата, исто така, е против исклучително ниската стапка на данок на истиот пијалок кога е произведен од страна на земјоделците со користење на т.н. „дводневна дестилација“.
Според образложението на Европската комисија, двата даноци се во спротивност со правилата за данок на потрошувачка на ЕУ и ги фаворизираат локално произведените алкохолни пијалоци во однос на оние кои се произведени во други земји-членки, што е прекршување на правилата на ЕУ за слободно движење на стоки.
Грција сега има два месеци за да одговори, по што Комисијата може да го упати предметот до Европскиот суд за правда.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
