ЕК: Градењето огради не е идеален одговор на ситуацијата
Европската комисија смета дека градењето огради не е идеален одговор на ситуацијата со имигрантите и бегалците од Африка и Арапскиот свет, јави дописникот на МИА од Брисел.
Оваа реакција на неформалната Влада на Европската унија доаѓа по влерашната најава на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, дека ЕУ треба да обезбеди посилна помош за да може Македонија да се справи со напливот на имигранти или земјата ќе мора да го искористи примерот на Унгарија, земја-членка на Унијата и да изгради ограда на границата со Грција.
- Помошта што ЕУ и ја дава на Македонија, за што ние имаме конкретни бројки е јасна и позната и не е прашање дека Брисел не обезбедува помош. Разбираме дека ситуацијата е тешка, но не мислиме дека градењето огради е идеален одговор на таквата ситуација, порача портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас.
Според гласноговорникот на ЕК, Македонија и Европската унија треба блиску да соработуваат и заеднички да се справат со оваа ситуација во однос на имигрантите и бегалците. А, како што е познато, изминатите неколку месеци десетици илјади Ирачани, Авганистанци, Либијци и Сиријци ја преминуваат границата од Грција во Македонија во намерата преку нашата држава и соседна Србија да влезат во границите на шенген-зоната и во ЕУ, преку Унгарија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари