ЕК ја потсетува МПЦ дека сите имаат обврска да го заштитат јавното здравје

Европската Комисија (ЕК) во реакција до МИА се осврна на последните случувања со Македонската православна црква (МПЦ) и потсетува дека сите чинители во општеството имаат обврска да го заштитат здравјето на населението, јави дописничката на МИА во Брисел.
Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, потсетува дека сите земји, во ЕУ и во светот, воведуваат вонредни мерки поради глобалната пандемија на КОВИД-19 и дека врвен приоритет овој период е заштитата на јавното здравје на населението.
Оваа реакција доаѓа откако МПЦ одби да ги затвори храмовите за време на велигденските празници предизвикувајќи длабока загриженост од можните последици врз здравствениот систем.
-Последните неколку недели, земјите членки на ЕУ и земјите ширум светот донесоа вонредни мерки за да се справат во здравствената криза предизвикана од епидемијата на КОВИД-19. Ова се времиња без преседан и националните власти треба да ги имаат потребните алатки на располагање за да делуваат брзо и ефикасно за заштита на јавното здравје на нивното население, изјави Писонеро за МИА.
Портпаролката потсетува на пораката упатена од страна на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 31 март годинава.
-Секоја вонредна мерка мора да ги почитува темелните принципи и да биде ограничена на она што е неопходно и строго пропорционално, нагласи портпаролката.
Вонредните мерки кои се воведуваат во рамките на оваа здравствена криза треба да бидат временски ограничени и под надзор на демократските контролни механизми во општеството, изјави тогаш шефицата на Европската Комисија.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
