ЕК: Криминалци во ЕУ нудат 1,1 милијарди дози вакцини на црниот пазар
Европската унија открила дека криминалци нудат 1,1 милијарди дози вакцини во вредност од 15,4 милијарди евра на црниот пазар, соопшти Европската комисија при презентирање предлози за подобрување на борбата против организираниот криминал.
Најголем дел од европски криминални групи (70 проценти) ги спојуваат своите активности со економијата и ги „перат“ стекнатите финансиски средства, 60 проценти учествуваат во корупција, 80 проценти користат законски бизнис за своите злодела.
Криминалните групи најчесто се поврзани со производство и дистрибуција на дрога, криумчарење, купување и продавање недвижнини, трговија со луѓе и нелегална активност на интернет.
Комисијата забележува дека при трговија со луѓе, 60 проценти од жртвите се принудени на проституција и 15 проценти се принудени да работат на црно. Повеќето жртви на трговија со луѓе (72 отсто) се жени, а околу половина од нив се граѓани на ЕУ.
ЕК планира да ја подобри полициската соработка до 2025 година, да инвестира дополнителни сили во борба против големи криминални активности, да ги прекине можностите за „перење“ на незаконски стекнати средства и да ја усогласи работата на судството согласно дигитализацијата. Според Комисијата, исто така, е неопходно да се разгледа дел од европското законодавство поврзано со борбата против организираниот криминал.
Ново на Сител
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април