ЕК со одговор до Полска: Нашите комесари се избрани од Европарламентот

Европската комисија денеска одговори на изјавата на полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашиковски, кој го обвини потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, дека „води крстоносна војна против Владата на Полска“.
Вашковски при тоа ја нарече Европската комисија „избрано тело на бирократи кои немаат демократски легитимитет, бидјеќи не се избрани, туку именувани од владите“ на земјите членки.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас денеска му порача на шефот на полската дипломатија дека Комисијата „жали што министер од Влада на една земја на ЕУ не ја разбира улогата на Европската комисија, нејзината структура и надлежности“.
- Еврокомисијата е тело и сите одлуки се носат од страна на Колеџот на комесари. Сите членови на Колеџот инвестираат, како инвидивуално, така и колективно преку избор на Европскиот парламент, каде пак има директно избрани членови. Со Комисијата претседава претседател кој беше прв кандидат на европските избори во 2014 година. ЕК е чувар на договорите на Унијата, во интерес на нзјините земји членки, како и на владеењето на правото во ЕУ. Ние би ценеле ако официјалните лица од владите на земјите членки ги имаат предвид овие факти кога ќе не коментираат, истакна Схинас.
Тој додаде и дека „Еврокомисијата не разликува бои за некои случувања во Полска“ во однос на последните случувања во оваа држава, која заедно со Унгарија е на удар на Брисел поради некои одлуки што не кореспондираат со обврските на земји членки на Европската унија.
Ново на Сител
-

Светско првенство во киксбокс: Бабовски победи, Смилевски загуби, Илковски се повреди
-

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина и почеток на ерата на супер-интелигенцијата
-

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
-

69-годишна жена од валандовско изгоре во пожар во сопствената куќа
-

Холанѓанец и Шпанец нападнале арачиновец во Аеродром
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
