ЕК спроведува 10 истраги против социјални мрежи поради сомневање за кршење на европското право
Европската комисија покрена 10 истраги против социјални мрежи поради сомневање дека ги прекршиле европските правила за нивните активности.
Ова го соопшти потпретседателката на Европската комисија и еврокомесар за безбедност и демократија, Хена Виркунен, на сослушувањето во Европскиот парламент во Стразбур, посветено на обидите за надворешна интервенција во ЕУ.
Демократијата е загрозена од надворешно мешање, рече Виркунен, наведувајќи примери на Facebook, Instagram и TikTok. Слободните и фер избори се темелот на европската демократија, додаде таа.
Според неа, европското законодавство воведува јасни одговорности за онлајн платформите со потреба од наметнување мерки и промена на алгоритми за надминување на заканите.
Ова не е цензура, туку оперативен механизам за отстранување на содржина која е неприфатлива според европското право, која ја штити слободата на изразување, објасни потпретседателот на ЕК.
Виркунен истакна дека комисијата покренала една истрага против „Екс“, три против „ТикТок“, една против „Али експрес“, две против „Мета“ и една против „Тему“.
Таа додаде дека во последните денови ЕК побарала од Ex да започне со зачувување на податоците за промени во алгоритмот за препораки за содржина.
Ново на Сител
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи
-
Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот
-
Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација
-
Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта
-
Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува