Екипата на Кино Влае учествуваше на турнирот во Белград - Streetball 3x3 Elite, заедно со најдобрите екипи од светот
Како дел од подготовките за зимската лига во Македонија, екипата на Кино Влае учествуваше на силниот турнир во Белград – Streetball 3x3 Elite, заедно со најдобрите екипи од , но и светот. Со ова се продолжи серијата успешни настапи на интернационални турнири, кои оваа екипа ги имаше во текот на оваа 3x3 сезона.
Тимот беше составен од: Христијан Ристов, Марко Дујковиќ, Ервин Цого и Милорад Миновски. Иако распоредот за македонската екипа беше доста непријатен, пласманот во четврт-финалето беше обезбеден после победата над 2x3Prasina (21-17), додека во вториот натпревар во групата Кино Влае играше со прворангираната екипа во светот – УБ (21-13), каде што и покрај добрата игра на Кино Влае, УБ покажа зошто се број 1 екипа во светот со својата уиграност и флуидност во нападот, како и агресивната одбрана.
Четврт-финалето против екипата на Инаномо Москва која во својот состав имаше и неколку руски репрезентативци, беше неизвеснo до самиот финиш и неколку нијанси го решија натпреварот. Подобрата физичка спремност на Русите, неколку несреќни шутеви кои излегоа од кошот, како и присебноста при шутирањето на слободните фрлања беа доволни на руската екипа да победи со 17-13.
Нашата најдобро рангирана екипа продолжува со темпирање на формата за зимската лига во Македонија, како и планирање на летната сезона во 2022.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени