Македонија
5. February 2020 - 9:59

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје на терен по вчерашното невреме

По вчерашниот засилен ветер проследен со врнежи на дожд што го зафатија Скопје, екипи на ЈП Водовод и канализација од раните утрински часови работат на расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациска мрежа.

Се расчистуваат и се проверува функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територија на град Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.