-->
-->
EKK: Импресивен резултат на Чоловиќ
-->

На Европскиот клубски шаховски куп „Скопје 2015“ настапија четири македонски екипи во машка конкуренција и еден во женска.
Најдобар пласман кај мажите оствари Алкалоид кој го освои 6. место што е под рејтингот бидејќи нашиот фаворите беше рангиран на 3. место.
За Алкалоди покрај силната интернационална екипа настапија и велемајсторот Трајко Недев и ИМ Филип Панчевски кои одиграа по еден меч и забележаа победи.
ШК Асеко Гамбит го освои 26. место а најзабележителен наш играч беше ИМ Орце Данчевски кој играше на третата табла и освои 4 поени одигрувајќи ги сите 7 партии.
Интересно во последното коло се сретнаа ШК Центар и ШК Карпош. Славеа центарци со 3,5-2,5. Најдобри резултати од македонските шахисти во овој клуб кој го освои 34. место оствари Владимир Владимиров со 4 поени од 6 партии, а пријатно изненади Бојана Бејатовиќ која во машкото друштво освои 3 поени во 7 партии.
ШК Карпош го освои 47. место а Горан Главинац на првата табла одигра 7 партии и освои 3 поени.
Интересно е што најдобар резултат од нашите шахисти постигна велемајсторот Александар Чоловиќ кој настапи за англискиот претставник Чедлетон и играјќи на 4. табла освои дури 5,5 поени во сите 7 кола и тоа без пораз со 4 победи и три нерешени меча.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
