-->
-->
ЕКК: Прв пораз на ШК Алкалоид
-->
Прв пораз на македонската надеж на Европскиот шаховски клубски куп ШК Алкалоид и тоа во 5.коло од Падова со 3,5:2,5. Од другите македонски екипи Гамбит Асеко го победи холандскиот тим Ен Пасант со 4:2, додека другите две екипи одиграа нерешено.
Центар „ремизираше“ 3:3 со днаскиот тим Јестмарк, додека Карпош одигра 3:3 со Кардиган од Велс.
Денеска во рамите на 6.коло Алкалид ќе игра со лидерот на табелата екипата на Сиберија, Гамбит Асеко за противник го има тимот на Марена , додека Центар ќе игра против Бешикташ, а Карпош за ривал ја има екипата на Абергавени од Велс.
На чело на табелата е Сиберија со 10 поени, а Алкалоид е во групата на осум екипи со 8 бодови на делба од 2-то до 9-то место.
Женската екипа на Гамбит Асеко во 5.коло ја победи екипата на ШСМ со 3:1 и се наоѓа на втората позиција на табелата со 8 поени, зад екипата на Нона која има 10. Денеска женскиот тим на Гамбит Асеко ќе игра против Ришон Лезион од Израел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино