-->
-->
EKK Шах: Убедливи победи за македонските претставници
-->

Одличен старт за македонските претставници ШК Алкалоид и Асеко Гамбит на Европскиот клубски куп во Нови Сад.
Нашиот шампион Алкалоид на стартот славеше со 5:1 над германски Шахфројнде Берлин.
Цел поен за „фармацевтите“ освоија: Динг Лирен на првата табла со бели фигури, Дмитри Андреикин на втора табла со црни фигури, Ју Јангји на четвртата табла со црни фигури и Филип Панчевски на шестата табла со црни фигури. Ремизираа Дмитри Јаковенко на третата и Криворучко на петтата табла со бели фигури.
Во останатите мечеви, сите фаворити одиграа без поголеми изненадувања остварувајќи високи победи во мечевите.
Во второто коло екипата на ШК Алкалоид за противник ќе ја има екипата на Јелица ПЕП – Гораќиќи, составена од млади српски шахисти.
И вториот македонски претставник на ова натпреварување, тимот на Гамбит Асеко со триумф од максимални 6:0 беше подобар од Кардиган. Победата ја обезбедија: Петар Арнаудов, Мартин Перцивалди, Орце Данчевски, Зоран Стојчевски, Дејан Динев и Никола Николовски.
Следен противник на Гамбит ќе биде Шахгезелшафт Риен.
Мечевите од 2.коло ќе се играат денеска со почеток од 15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
