Екс шефот на МИ6 изјави дека коронавирусот потекнува од лабораторијата во Вухан
Екс шефот на британската тајна разузнавачка служба МИ6, Сер Ричард Дирлав, изјави дека сака поотворена дискусија за потеклото на пандемијата на коронавирус.
Дирлав предупредува дека идејата дека вирусот би можел да потекнува од лабораторијата не треба да се отфрли.
Дирлав изрази уверување дека вирусот што предизвикува Ковид-19 бил вештачки направен и дека случајно избегал од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде биле идентификувани првите жртви.
Неговото мислење е во спротивност со ставот на научниците, како и на американските и британските разузнавачки служби, дека коронавирусот САРС-КоВ-2 не бил создаден од човек.
Коментарите на Дирлав доаѓаат додека тим научници од Светската здравствена организација (СЗО) се подготвуваат да патуваат во Кина оваа недела за да го испитаат потеклото на болест во која загинаа повеќе од половина милион луѓе ширум светот.
„Јас сум поддржувач на теоријата дека вирусот потекнува од Институтот Вухан (за вирусологија)“, рече Дирлав, кој служеше како шеф на МИ6 помеѓу 1999 и 2004 година.
„Не велам ништо друго, освен дека тоа е последица од несреќа и дека вирусот е резултат на експериментите што биле извршени во Вухан, и за кои не мислам дека се особено погрешни“, рече Дирлав.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд