Ексхумација и обдукција на лице место на 33-годишната родилка од Прилеп која почина на 10-ти јануари
Прилепското Основно јавно обвинителство денеска издаде наредба за ексхумација на телото на 33-годишна родилка од селото Црнилиште, општина Долнени која починала на 10 јануари по породувањето во Општата болница во Прилеп. На лице место во селото тимот на Судска медицина од Скопје направи и обдукција.
Според основната јавна обвинителка Маријана Илиеска обдукцијата е на лице место за да се избегнат тензии.
-За да нема отпор и тензии меѓу населението на селото Црнилиште екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направија обдукција на лице место. Обвинителството реагираше по допрен глас, изјави Илиеска.
Триесет и тригодишната родилка на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но, веднаш по породувањето имала обилно крвавење. Сите напори на персоналот биле залудни и околу 4 часот изутрината на 10 јануари родилката починала.
Прилепското основно јавно обвинителство ќе го чека наодот од обдукцијата на родилката.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена