-->
-->
Експертски предупредувања: Чоколадото ќе исчезне за 40 години
-->
Експерти предупредуваат дека наредните 40 години светот ќе остане без чоколада, оти на билката какао и се заканува исчезнување при се потоплите временски услови.Какаото вирее само на подрачјата 20 степени северно и јужно од Екваторот, а за да опстои потребни се посебни услови - доволно влага и дождови.
Меѓутоа, глобалното затоплување и порастот на температурите за 2,1 степен Целзиусови може во наредните 30 години речиси и да го уништи растението, а со тоа и чоколадната индустрија, соопшти американската Национална администрација за океани и атмосфера.
Како што температурата ќе ја суши почвата, одгледувачите на какао ќе мораат своите плантажи да ги префрлат на поголеми површини.
Просечен жител на Западот годишно јаде 286 табли чоколада. Од деведесетите години на минатиот век и Кина, Индонезија, Индија, Бразил и Руската Федерација, исто така се вклучија на пазарот со какао.
Снабдувањето сепак не оди во чекор со растечката побарувачка, а се верува и дека начинот на одгледуввање на самото растение е проблем, бидејќи не е променет последниве неколку века.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
