Експлозии во Дамаск, оштетени складишта за ракети
Рано утринава се слушнале експлозии во близина на сирискиот главен град Дамаск, јавија државните медиуми, додавајќи дека причината не е позната.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека експлозиите влијаеле и оштетиле складишта за ракети кои припаѓаат на групи поврзани со Иран. Организацијата која ја следи војната во Сирија додаде дека нема потврда за загинати или повредени и дека причината за експлозиите не е позната.
Иран е главен поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад во 12-годишниот конфликт во земјата. Групите поддржани од Иран, вклучувајќи ја либанската група Хезболах и проиранските ирачки групи, ја имаат власта во големи области во источна, јужна и северна Сирија, како и во предградијата околу главниот град. Израел со години изведува напади врз цели за кои вели дека се поврзани со Иран, но ретко ги коментираше деталите за нападите веднаш потоа.
Ново на Сител
-
Следната година нов закон за студентски стандард
-
Меџити во посета на депонијата Дрисла
-
Вработените во „Царинскиот терминал“ денеска излегоа на предупредувачки штрајк
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?