Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
Експлозии ја потресоа украинската престолнина Киев и други градови, а соседна Полска ја зголеми тревогата за авиони во раните утрински часови денеска откако двете земји пријавија масовен руски ракетен напад.
- Поради масовниот ракетен напад на Русија со крстосувачки и балистички ракети и со беспилотни летала врз цели лоцирани особено во западна Украина, полските и сојузничките авиони почнаа да оперираат во нашиот воздушен простор, објави на социјалната мрежа „Х“ оперативната команда на вооружените сили на Полска.
Се додава дека „сите расположливи сили и ресурси се активирани, борбените авиони се ставени во готовност, а копнените средства за воздушна одбрана и радарски надзор се ставени на највисоко ниво на подготвеност“.
Експлозии одекнаа во југоисточниот украински град Запорожје, изјавија очевидци, а украинските воздухопловни сили прогласија воздушен тревога на целата територија на Украина, но обемот на нападот останува нејасен.
Градоначалникот на Одеса на Црното Море, Генадиј Труханов, пријави силни експлозии и додаде дека делови од градот се без струја.
Воздухопловните сили ги повикаа жителите да се засолнат во засолништа за бомби и посочија дека неодреден број проектили, вклучително и разни видови крстаречки ракети, летаат во украинскиот воздушен простор.
Украинските власти објавија дека како мерка на претпазливост ја исклучиле струјата во голем број региони, вклучувајќи го и Киев.
Ракетниот напад уследи по полноќен напад со дрон врз главниот град на Украина.
Паѓањето на остатоци предизвикало пожар на покрив на станбена зграда, а најмалку едно лице е повредено, објави градската управа на апликацијата Телеграм.
-На местото на настанот се испратени екипи на итната помош, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Во јужниот град Николаев две жени загинаа, а шест лица се повредени, меѓу кои две деца, во полноќен напад со беспилотно летало, објави на Телеграм претседателот на регионалната воена администрација Виталиј Ким.
Украина со недели е во состојба на готовност поради стравувањата од можен голем руски напад со наближување на зимата.
Претходните напади беа насочени кон електричната мрежа, оставајќи големи делови од Украина во мрак.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето