Експлозија на бомба во Апелацискиот суд во Атина
Бомба експлодира рано изутринава во Апелацискиот суд во Атина, предизвикувајќи сериозни оштетувања на зградата и на неколку околни објекти, но не и човечки жртви.
Како што јавија грчките медиуми, силната експлозија, која се слушнала на голема оддалеченост, предизвикала шок и вознемиреност меѓу жителите на Атина.
Полицијата информира дека околу 2:50 часот по локално време (1:50 по средноевропско време) непознато лице се јавило во редакциите на „Весникот на уредниците“ и на „Зунгла“, предупредувајќи дека за 40 минути ќе експлодира бомба во зградата на Апелацискиот суд.
По ова, припадници на полицијата го блокирале реонот околку судот и целосно ја испразнила зградата.
Полицијата соопшти дека смета оти станува збор за „чин на тероризам“, без да објави повеќе детали за причините за таквата оценка.
Од утрово на местото на експлозијата се води истрага за утврдување на видот на бомбата и за откривање на сторителите.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица