Експлозија во близина на трговски центар во Риека, уапсени двајца осомничени
Половина час по полноќ синоќа, во близина на зграда кај трговски центар во Риека била активирана непозната експлозивна направа, соопшти хрватската полиција. Повредени нема.
Непосредно пред споменатиот настан, околу полноќ, полицијата пред трговскиот центар во месноста Кострена фатила германски и хрватски државјанин, кои таму оставиле експлозивна направа.
Споменатите лица биле уапсени и спроведени во полициска станица.
Осомничените имале и трета направа, а се’ се доведува во корелација со експлозијата на 21 мај во кругот на трговскиот центар на Вежица во Риека, кога било оштетено стаклото на вратата од трговскиот центар поради активирање на непозната експлозивна направа.
Увидот е во тек, како и криминалистичката истрага за утврдување на сите факти и околности, јавува ХРТ.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ упати честитки до полицијата за нивната, како што вели тој, професионална и ефикасна работа во откривањето и апсењето на лица поврзани со серија експлозивни направи поставени на подрачјето на Риека.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија